„Милионерите“ комплетно го откупија Пако Алкасер

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд комплетно го откупи договорот на шпанскиот интернационалец Пако Алкасер од Барселона. Напаѓачот од минатото лето е во Дортмунд, но играше како позајмен играч. Оваа зима раководството на „милионерите“ плати 23 милиони евра и го доби Алкасер во свој посед.

Според клаузулата, Барселона има 5% од заработката од следниот трансфер на Пако Алкасер. Борусија Дортмунд е лидер на табелата во Бундес-лигата и има седум бода предност во однос на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен.

Се вчитува...