„Милионерите“ немаа решение и за Херта… (видео)

Борусија Дортмунд запиша и второ едноподруго реми во првиот натпревар од 19. коло во Бундеслигата. „Милионерите“ одиграа само 1-1 на гостувањето против Херта во Берлин, по што некако го губат здивот и за втората позиција во најсилниот германски шампионат.

Херта дојде до водство со голот на Селке во 46. минута, а Борусија Дортмунд израмни преку Кагава во 71. минута од средбата.

Со овој бод, Борусија Дортмунд има вкупно 30, за делба на третата позиција на табелата заедно со Шалке 04. „Милионерите“ се на минус еден бод од второпласираниот Лајпциг, кој има и натпревар помалку, а дури 14 бода помалку од водечкиот Баерн Минхен.

Се вчитува...