Милнер: Ние сме Ливерпул, овој тим е посебен…

Ливерпул со пресврт-победа на гостувањето кај Саутемптон остана во игра за трофејот во Премиерлигата. Домаќините рано стигнаа до предност, а откако „црвените“ успеаја да изедначат до полувремето, во вторите 45. минути ја осигураа и победата.

Луверпул натпреварот го започна со „нови“ 11 фудбалери во однос на мечот против Челси во финалето на ФА Купот, а по натпреварот Џејмс Милнер имаше пофални зборови за неговите соиграчи кои покажаа карактер.

„Момците се неверојатни, тие можеби и не играа толку многу во текот на сезоната, но треба да ги видите на тренинг секој ден. Тоа е неверојатно ниво. Секој пат кога треба да се истакнат тоа и го прават. Ова е посебна група на играчи, а Ливерпул е посебен клуб. Ќе се бориме до крај. Начинот на кој победивме покажува колку се подготвени па дури и ментално кога не добиваат минутажа која ја посакуваат. Интензитетот и желбата се секој ден на тренинг затоа сме и во состојба да играме толку добро. Тоа започнува од самиот врв, од тренерот и ставот на играчите“, изјави Милнер.

Се вчитува...