„Ван Дајк не смее да биде лут кога ќе остане на клупата“

Ливерпул ќе го ограничи времето на Вирџил Ван Дајк на зелениот терен, особено по повредата што неодамна ја заработи во дресот на холандската репрезентација, тврди Џејмс Милнер. Ван Дајк, кој сега има 30 години, се врати на почетокот на сезоната по долга пауза поради операција на лигаментите.

Холанѓанецот ја пропушти победата на својот тим во Лигата на шампионите против Милан (3-2) пред неколку дена, но придонесе за триумф во Премиер лигата над Кристал Палас (3-0).

„На 99 од 100 натпревари, Вирџил е Супермен и тоа им е јасно на сите. Тој се врати на терените по тешката повреда, и веќе нема 21 година. Тој мора да размисли за себе. Без оглед на неговиот гнев, понекогаш е неопходно да се ротира и да се остане на трибините. Системот на ротација е важен за секој голем клуб. Минатата година немавме среќа со повредите и многу играчи мораа да играат на позиции кои не се нивни по природа. Не можеме да дозволиме тоа повторно да ни се случи“, потенцираше Милнер.

И покрај големите проблеми со дефанзивците, Ливерпул минатата сезона стигна до третото место во Премиер лигата.

Се вчитува...