Милојевиќ ја напушта клупата на Црвена Звезда?

Црвена Звезда го заврши првиот дел од сезоната како есенски првак на Србија, но тренерот Владан Милојевиќ по се изгледа нема да остане на чело на „црвено-белите“ и за вториот дел од шампионатот. Тој по победата над Чукарички од 3-1 даде „таинствена изјава“, меѓу редови најавувајќи го заминувањето од “Маракана“

„Сакам да зборувам за денешниот натпревар, бидејќи ќе излезе дека ова ќе ми биде најмила средба, најмила победа. Толку“ – изјави Милојевиќ по завршувањето на ТВ-преносот за „Арена“.

Тој потоа не се појави на вообичаената прес-конференција, по што уште погласни станаа шпекулациите дека Милојевиќ е решен да си замине од Црвена Звезда.

Тренерот на „црвено-белите“ често беше критикуван за слабите игри и резултати во Лигата на шампионите. Иако неодамна доби поддршка од раководството на клубот, се чини дека Милојевиќ реши самиот да си замине, откако во изминатиот период доби интересни понуди од Катар и од Саудиска Арабија.

Се вчитува...