Милосављев го предводи дрим-тимот на ЛШ

Дејан Милосављев бранеше извонредно на првиот осминафинален натпревар против Загреб, па голманот на Вардар неслучајно е избран за најдобар чувар на мрежата во оваа рунда од Лигата на шампионите. Србинот беше фантастичен во Загреб, од самиот почеток ги откажа домашните ракометари, мечот го заврши со 14 одбрани и беше избран за најдобар поединец на натпреварот.

Изненадувачки, во дрим-тимот не се најде место за Криштопанс, откако за најдобар десен бек беше избран Алекс Душебајев од Кјелце. Крај него е уште еден поранешен „вардарец“, Лука Циндриќ, а во идеалниот тим од првите осминафинални средби од ЛШ се најдоа и Сигурдсон и Колбахер (Рајн-Некар Левен), Лауге (Фленсбург) и Козакевич, кој го постигна пеналот за израмнување на Мотор од самиот финиш против Кјелце.

ЛЕВО КРИЛО: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн-Некар Левен)

ЛЕВ БЕК: Расмус Лауге (Фленсбург)

СРЕДЕН БЕК: Лука Циндриќ (Кјелце)

ДЕСЕН БЕК: Алекс Душебајец (Кјелце)

ДЕСНО КРИЛО: Артем Козакевич (Мотор)

ПИВОТ: Јаник Колбахер (Рајн-Некар Левен)

ГОЛМАН: Дејан Милосављев (Вардар)

Се вчитува...