Милосављев го реши Рајн Некар – Фуксе Берлин ќе го предизвика Магдебург во финалето на Лигата на Европа

Фуксе Берлин ќе го предизвика Магдебург во финалето на новоформираната Лига на Европа, откако во вториот полуфинален дуел славеше над Рајн Некар Левен со 32-35. Ракометарите од главниот град на Германија го контролираа мечот уште од самиот старт, па на пауза заминаа со предност од 16-19.

Во вториот дел одличен на голот беше Дејан Милосављев кој во неколку наврати не дозволи противникот целосно да се врати во мечот.

Ласе Андерсон со 11 гола беше најпрецизен кај победникот, а одличен на голот беше Милосављев кој забележа 15 одбрани. Кај поразените Џери Толбринг постигна седум гола.

Се вчитува...