Милош Ранчиќ и Билјана Кираџиева победници на петтото јубилејно издание на „Охрид ТрчаТ“

Милош Ранчиќ и Билјана Кираџиева се победници на полумаратонската трка на јубилејното петто издание на Атлетската манифестација „Охрид ТрчаТ“.

Ранчиќ делницата од 21 километар ја мина за време 1 час, 18 минути и 27 секунди, додека Кираџиева, која втора година е најдобра кај дамите триумфираше со време од 1 час, 31 минута, 29 секунди. Второпласиран во машка конкуренција беше Александар Кираџиев (1.19.43), а трет финишираше Кокан Ајановски (1.21.12). Кај дамите втора на подиумот заврши Весна Кираџиева (1.40.40), а трета финишираше Маја Рајчина (1.42.09).

Во рекреативната петкилометарска трка победи Муџахид Мислимоски со време 18 минути и 38 секунди, втор финишираше охриѓанецот Дејан Ангелоски со време 19.06, а најдобрата тројка ја комплетираше Мичел Дочкалек (19.37).

Кај дамите на 5 километри триумфираше Николина Милевска Велјаноска со време 24 минути и 17 секунди, Елена Даниловска финишираше втора со 11 секунди задоцнување (24.28), а трета заврши минатогодишната победничка Бојана Наумвоска (24.45).

На јубилејното петто издание на „Охрид трчаТ“ учествуваа околу 650 натпреварувачи, се организирано според мерките и протоколите за време на пандемија на коронавирусот.

Се вчитува...