Милош Рниќ и Данило Радјен најнови засилувања на Борец (ФОТО)

Милош Рниќ и Данило Радјен се најновите засилувања на Борец за новата натпреварувачка сезона.

28-годишниот Рниќ треба да биде големо засилување меѓу стативите за Борец. Искусниот голман зад себе има десет години професионална кариера, бранејќи во повеќе тимови од Србија, а во Велес се сели од редовите на Нови Пазар.

Радјен, пак, треба да биде освежување во дефанзивата. 27-годишниот Србин со американски пасош по неколкугодишните настапи во САД, пред две сезони се пресели во Србија, од каде преку Телеоптик и Бачка сега реализира трансфер во Борец.

Нов тренер на голмани е Бојан Димковски кој доаѓа од редовите на ФК Вардар.

Се вчитува...