Милош Теодосиќ го договори трансферот во Црвена Звезда

Тоа што долги години беше негова огромна желба конечно ќе се реализира во новата сезона. Еден од најславните српски кошаркари во последната декада, Милош Теодосиќ ќе биде спектакуларно засилување на белградска Црвена Звезда.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Теодосиќ по крајот на сезоната и дефинитивно се разделил со Виртус Болоња и веќе е договорен за преселба во редовите на Црвена Звезда, негова огромна желба од поодамна.

Теодосиќ професионалната кариера ја започна во ФМП, а во 2007 година го засили Олимпијакос. По грчкиот тим следеше трансфер во ЦСКА Москва со која ја освои и евролигашката титула, а пред преселбата во Болоња беше дел и од НБА настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс.

Се вчитува...