Милвоки го доби дербито со Чикаго, Казинс како Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Милвоки Бакс со 118-112 славеше на гостувањето кај Чикаго Булс во дербито на Источната конференција во НБА лигата.

Јанси Адетокумбо со 34 поени беше прво име во победничкиот табор, а грчкиот интернационалец додаде и 16 скока и пет асистенции. Кај поразените Зак Лавин заврши со 30 поени, а еден помалку уфрли Демар Дероузен.

Демаркус Казинс одигра како во најдобрите денови во победата на Денвер Нагетс на домашен терен против Хјустон Рокетс од 116-101. „Бугито“ натпреварот го заврши со 31 поен и беше прво име во отсуство на Никола Јокиќ во таборот на Нагетс. Кај поразените Кристијан Вуд заврши со 22 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Индијана 111-106, Филаделфија – Кливленд 125-119, Вашингтон – Атланта 114-117, Торонто – Орландо 97-103, Њу Орлеанс – Јута 124-90, Оклахома – Минесота 101-138 и Феникс – Њујорк 115-114.

Се вчитува...