Милвоки бакс стигна до лесен триумф на домашен терен над Филаделфија 76 со убедливи 119-98 во првиот натпревар од денешната програма во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА.
Филаделфија дефинитивно нема да има големи аспирации во плеј-офот ако од повредата не се врати Џоел Ембид, а тоа се покажа и вечерва каде домашните бакс славеа и полесно од очекуваното.
Јанис Адетокумбо со 30 поени, надополнети со 12 скока и девет асистенции бешепрво име кај победникот, додека кај поразените Тајрис Макси постигна 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА