Милвоки на крилата на Јанис и Холидеј го сруши лидерот Бостон (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки беа подобри од Бостон после продолженија со 131-125. Селтикси беа на раб на пораз и во регуларниот дел, но Хаузер на три секунди пред крајот погоди тројка.

Бостон добро го почна продолжението, направи серија, меѓутоа потоа дозволија домаќинот да направи пресврт и да го добие дуелот. Најефикасен на мечот беше Џру Холидеј со 40 поени, додека Адетокумбо постигна 36 поени.

Победа на свој терен оствари и Торнонто над Орландо со 123-113. Домашните во текот на поголемиот дел од првата четвртина имаа предност, но Орландо до полувремето успеа да направи пресврт. Имаше водство и на почетокот на третиот квартал, но Торонто потоа ја презеде иницијативата, и на крајот стигна до двоцифрена предност.

Феникс беше подобар од Сакраменто со 120-109.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Милвоки – Бостон 131-125 (по продолженија)
Торонто – Орландо 123-113
Феникс – Сакраменто 120-109
ЛА Клиперс – Голден Стејт 134-124
Портланд – Вашингтон 101-126

Се вчитува...