Милвоки на „крилjата“ на Јанис направи брејк и поведе во серијата против Бостон (ВИДЕО)

Во првиот меч во полуфиналето на истокот, кошаркарите на Милвоки го совладаа Бостон на гости со 101-89. Одморените Селтикси беа фавороти, но во „ТД Гарден“ блескаа Милвоки и Јанис Адетокунбо.

После „чистката“ на Бруклин, Бостон имаше повеќе време за одмор, и пред своја публика се надеваа на позитивен почеток, но така не мислеше Милвоки, кој од првата минута сакаше да покаже дека е далеку поквалитетен тим од Бруклин.

На крајот триумф од 101-89, а човек на одлука очекувано беше Адетокунбо кој оствари трипл-дабл со 24 поени, 13 скока и 12 асистенции. Прв стрелец беше Холидеј со 25 поени.

И следниот меч за три дена се игра во Бостон, а потоа серијата се сели во Милвоки. а

Се вчитува...