Милвоки на победа од конференциско финале, Мемфис намали на 3-2 против Голден Стејт

Актуелниот шампион на НБА, Милвоки е на добар пат да избори уште едно конференциско финале во својата историја откако изминатата вечер со победата од 107-110 на гостувањето кај Бостон стигна до предност од 3-2 во „зелената“ серија.

Херојот на гостите беше Јанис Адетокумпо со 40 поени и 11 скока, додека Џејсон Тејтум и Џејлен Браун ги предводеа домаќините со 34 поени и 6 скока, односно 26 поени и 8 скока.

Голден Стејт не ја искористи првата „меч топка“ за финале во Западната конференција откако загуби на гостински терен кај Мемфис со убедливи 134-95. Бејн, Џексон и Џоунс беа лидери на домаќините со 21 поен, додека Томпсон постигна 19 за гостите.

Се вчитува...