Милвоки победи, но Адетокумбо се повреди

Милвоки славеше на синоќешното гостување против Чикаго со 100-112, но ово триумф беше скапо платен ако се знае дека незгодна повреда заработи главната ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумбо, кој во првото полувреме замина кон соблекувалната и повеќе не се врати во игра. Брук Лопез ја презеде улогата на лидер и со 33 поени го предводеше својот тим до победата, но погледите се целосно свртени кон Адетокумбо, кој сега е крајно неизвесен и за настап на претстојниот олстар викенд, на кој требаше да биде капитен на тимот на Источната конференција.

Феникс мака мачи без повредените ѕвезди во тимот, па „сонцата“ претрпеа уште еден домашен пораз, овојпат од ЛА Клиперс со 107-116. Букер полека, но сигурно влегува во ритам постигнувајќи 19 поени за Феникс, но „сонцата“ се уште се во исчекување на Кевин Дурант, кој треба да биде нивни главен адут во битките за титулата. Најефикасни во таборот на клиперси на синоќепниот натпревар беа Џорџ и Мен со по 26 поени.

Вашингтон како гостин ја совлада Минесота со 106-114, благодарение на извонредната последна четвртина што Вашингтон ја доби со преубедливи 19-38.

Резултати НБА:

Чикаго – Милвоки 100-112, Минесота – Вашингтон 106-114, Феникс – ЛА Клиперс 107-116.

Се вчитува...