Милвоки победува и без Адетокунбо

Милвоки на свој терен го победи Сакраменто со 133-127, и без услугите на Јанис Адетокунбо и Брук Лопез. Сепак, улогата на водач ја превзеде Крис Мидлтон, за нова победа во НБА лигата.

Тимот на Сакраменто имаше добар старт на натпреварот. Поведе во првата четвртина, меѓутоа акутелниот првак возврати, па во другата стигна и до двоцифрена предност.

Во продолженијата се играше поен за поен, а во финишот гостите имаа повеќе шанси, но не успеаја да ја стигнат предноста на домашните, со што Милвоки дојде до трета победа во низа.

Мидлтон го заврши мечот со 34 поени, шест скока и пет асистенции, а во финишот погоди и тројка со која ја обезбеди победата на својот тим.

И во останатите два НБА натпревари славеа домашните, односно гостите не остварија ниту еден триумф. Кливленд ја победи Оклахома со 94-87, додека Феникс беше подобар од Индијана со 113-103.

РЕЗУЛТАТИ:

Милвоки – Сакраменто 133:127
Кливленд – Оклахома 94:87
Феникс – Индијана 113:103

Се вчитува...