Минамино во 95. минута донесе пенали кои Ливерпул ги искористи за пласман во полуфинале во Лига купот (ВИДЕО)

Ливерпул е последниот патник во полуфиналето на англискиот Лига куп откако во неверојатен меч по изведување на пенали го совлада Лестер со 5-4. По регуларните 90. минута натпреварот беше 3-3, а херој за „црвените“ беше Јапонецот Минамино кој погоди за израмнување во 95. минута.

Претходно, гостите брзо поведоа со двата гола на Варди во 9. и 13. минута. На 1-2 намали Окслеј Чембрлејн во 19. минута, додека Медисон повторно ги доведе лисиците до два гола предност во 33. минута.

Во вториот дел прво Жота намали на 2-3 во 68. минута, додека Минамино погоди во 95. минута. Иако Минамино промаши во пенал-рулетот сепак неговиот тим стигна на крајот до победа.

Голот на Минамино можете да го погледнете на следниот линк.

Се вчитува...