Минасјан: На Македонија и ги знаеме сите квалитети, и сите маани!

Селекторот на Ерменија, Вардан Минасјан вели дека повеќе од добро е анализирана Македонија уште и пред нивниот меч со Лихтенштајн, затоа што и според нив во Скопје в недела (18 ч.) ги очекува еден од најважните мечеви во групната фаза од Лигата на нациите.

„Почнавме да се подготвуваме за мечот со Македонија најпрво со опоравување на фудбалерите по диелот со Лихтенштајн. Играме натпревари во само два-три дена и искрено се надевам дека ќе може да сметам на сите репрезентативци. Во секој случај против Македонија ќе имаме неколку измени во однос на составот против Лихтенштајн“ – истакна Минасјан пред доаѓањето во Скопје, притоа дополнувајќи дека ги знаат сите квалитетни страни и сите мани на македонската репрезентација.

„Дали ќе останеме на тактиката 4-2-4 и на дуелот во Скопје останува да видиме. И пред дуелот со Лихтенштајн, ние веќе сериозно ја анализиравме Македонија па ги знаеме сите нејзини предности и слабости. Од почетокот на овој собир ние веќе имаме одлучено како ќе играме против Македонија, но сето тоа сега ќе зависи и дали ќе има одредени повредени фудбалери на кои нема да може да сметаме“ – вели Минасјан и дополнува:

„Мкхитарјан нема повреда. А, што се однесува на тоа дека промаши пенал против Лихтенштајн тоа воопшто не е важно. Ако имаме пенал и против Македонија, повторно ќе шутира Хенрих“ – вели селекторот на Ерменците.

Се вчитува...