Минесота и Мајами се последни патници во НБА плеј-офот (ВИДЕО)

Мајами Хит е последниот патник во плеј-офот во Источната конференција откако синоќа на домашен терен во плеј-ин мечот славеше над Атланта Хоукс со 102-91.

Џими Батлер и Макс Штрус со по 31 поен беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Демар Дероузен постигна 26 поени.

Во првата рунда од плеј-офот Мајми ќе игра против Милвоки Бакс.

Бројот осум во Западната конфереција го обезбеди Минесота Тимбервулвс која славеше над Оклахома Сити Тандер со 120-95.

Карл Ентони Таунс со 28 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените 22 постигна Шеи Гилџс-Александер. Минесота во првата рунда на Западот ќе игра против Денвер Нагетс.

Се вчитува...