Минесота ја одби „трејд-понудата“ од Бруклин во која им беше понуден Дјурант

Минесота Тимбервулвс одбија доста нереална „трејд“ понуда од Бруклин Нетс во која можеа да го донесат Кевин Дјурант. Дјурант неодамна го шокираше раководството на Бруклин со барање за трејд, а сега клубот му бара нов дом.

Тие се обидоа да направат трејд со Тимбервулвс, но имале нереални барања. Имено, од Минесота за Дјурант ги барале Карл Ентони-Таунс, Ентони Едвардс и плус четири пика од следните драфтови.

Минесота секако не го прифатила трејдот иако тие биле првите кои го барале Дјурант. Двократниот НБА шампион ќе мора да почека уште некое време пред да дознае каде ќе биде следната сезона.

Се вчитува...