По трите натпревари без триумф во Лига 1, Монако успеа да слави на домашен терен со минимални 1-0 против Толуз во 9. коло.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Салису кој ја затресе мрежата уште во 3. минута од средбата.
Со оваа победа Монако се врати на третата позиција на табелата со 17 освоени бодови, само три помалку од лидерот ПСЖ, додека Толуз е на осмата позиција на табелата со 13 освоени бодови.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

