Министерот Филипче: Браво момци Македонци! Голем ден за славје, сепак ве замолувам да ги почитуваме мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче упати исрени честитки за историскиот успех на фудбалската репрезентација на Македонија и пласманот на Европското првенство. Сепак, тој посочи да се придржуваат мерките за заштита бидејќи пандемијата од коронавирусот, се уште не е завршена.

„Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација“, напиша Филипче. 

 

Се вчитува...