Министерот за здравје на В. Британија – ПЛ мора да им ги намали платите на фудбалерите

Кризата поради пандемијата од коронавирусот не ја заобиколи ниту Велика Британија, а министерот за здравство Мет Хенкок говореше околу колективната одговорност барајќи од фудбалерите во Премиер-лигата да дадат свој допринос во оваа тешка ситуација.

„Земајќи предвид како нашиот народ се жртвува во овие тешки моменти, прва работа која треба да ја направат фудбалерите во Премиер-лигата е да дадат свој допринос. Мислам дека треба да помогнат со тоа што ќе прифатат намалување на платите“, изјави Хенкок. 

Некои англиски клубови уплатија донации на најпогодените од пандемијата, а ширум Европа голем дел на спортски колективи веќе прифатија намалување на платите.

Се вчитува...