Џирона пред десетина дена го доведе Бојан Миовски како наследник на најдобриот стрелец Довбик, но учесникот во Лигата на Шампионите реши пред крајот на преодниот рок да доведе уште едно врвно засилување во своите редови, и тоа за навалната линија.
Арно Данјума е ново име на Џирона откако шпанскиот прволигаш успеа да се договори со Вилјареал за да го ангажира холандскиот интернационалец во своите редови. Данјума може да настапува како класичен голгетер или по крилните позиции, а токму неговата универзалност во навалната линија го прави идеално засилување за тренерот Мичел.
Според договорот меѓу клубовите, Џирона ќе плати 4,5 милиони евра, а воедно и ќе ја покрие целосно платата на Данјума од пет милиони евра бруто за сезоната 2024/25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА