Миовски: Среќен сум што формата и головите ги префрлив и во репрезентацијата

Стрелецот на единствениот гол Бојан Миовски, по натпреварот истакна задоволство што формата од клубот ја префрли и во репрезентацијата.

Миовски рече дека е среќен што селекцијата победила против Малта, и дека тестот со Фарски Острови бил одличен и за дебитантите.

„Среќен сум за придонесот во репрезентацијата и формата и головите ја префрлив во националниот тим со асистенција со Малта и денеска со гол против Фарски Острови. Против Малта среќен сум што освоивме три бода, и со победа почнавме во квалификациите, затоа што беше почетен натпревар. Денеска беше одличен тест и за дебитантите, и сите ние да се наметнеме за јунските натпревари. Во репрезентаијата можеме да се наметнеме само преку минутажа во клубовите, и само со тимска игра можеме да очекуваме успех не само во квалификациите, туку и на секој натпревар“, вели Миовски.

Се вчитува...