Мириса на крај: Бензема му се налути на Ал-Итихад и тренира сам

Карим Бензема одлучи да го напушти првиот тим на Ал-Итихад и да тренира сам откако се налутил поради понудата за новиот договор. Без Бензема, Ал-Итихад одигра 2-2 против Ал-Фатех, а веќе почнаа шпекулации за неговата иднина.

Бензема, освојувачот на „Златната топка“ во 2022 година, ќе биде без договор ова лето, и засега нема никакви знаци дека ќе дојде до продолжување.

Предложениот договор со Саудиската професионална лига ефикасно би значел дека тој ќе игра речиси бесплатно. Лигата се занимава со договорите на главните играчи во клубовите во сопственост на саудискиот државен инвестициски фонд ПИФ.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид освои вкупно 25 трофеи со клубот, вклучувајќи четири титули во Ла Лига, три пехари во Купот пет трофеи во Лигата на шампионите. 

Тој е во одлична форма оваа сезона, постигнувајќи осум гола на 14 лигашки натпревари, а изворите велат дека ги разгледува сите опции за во иднина. Се шпекулира дека крилниот напаѓач Муса Диаби исто така ќе го напушти клубот, а трет Французин, играчот од средниот ред Н’Голо Канте, исто така е пред напуштање на клубот и траснфер во Фенербахче. 

Се вчитува...