Мирко Ивановски двоен стрелец за Славен Белупо

Македонскиот фудбалски интернационалец Мирко Ивановски постигна два гола за својот тим Славен Белупо на денешниот дуел против Локомотива Загреб (2-2) во рамките на хрватскиот шампионат.

Поранешниот репрезентативец стрелаше во второто полувреме, постигнувајќи ги головите во 70. и во 74.минута. Вториот погодок го реализираше со удар од белата точка.

Славен Белупо по есенскиот дел од сезоната во хрватското првенство се најде на седмата позиција на табелата со 21 освоен бод.

Се вчитува...