Мирко Ивановски стрелец за Хајдук против Истра

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски беше стрелец за Хајдук Сплит во триумфот од 3-1 против Истра на „Пољуд“. Сплиќани играа без публика поради казна, а иако Истра прва поведе, на крајот Хајдук стигна до планираните бодови.

Мирко Ивановски влезе во игра во вториот дел и се запиша во листата на стрелците во 84.минута, постигнувајќи го третиот погодок за својот тим.

Се вчитува...