Миркуловски: Ако победиме, со една нога сме во полуфинале

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Филип Миркуловски е подготвен за нова голема битка на ова Европско Првенство, пресметката со Шпанија во која нашите ракометари ќе влезат максимално одморено, по трите слободни дена што им ги донесе првото место во групата Ц. Шпанците очекувано ја имаат фаворитската улога, но македонските репрезентативци ќе сторат се за во Вараждин да ја продолжат серијата добри игри во Загреб.

„Шпанија е селекција од самиот врв, најнезгоден противник со кого ќе играме на ова европско првенство. По стилот на игра сме многу слични, шансите се 50-50, можеби дури и ние сме во блага предност поради навивачите. Она што е најважно е што во изминатите три дена добро се одморивме, ги аниравме повредите и го анализиравме противникот. Нема дилеми, мораме да ја одиграме својата најдобра партија за да победиме, но со тој чекор напред би се нашле со едната нога во полуфинале. Верувам дека заедно со навивачите можеме да ја оствариме таа цел“ – изјави Филип Миркуловски.

Се вчитува...