Миркуловски ефикасен, Вецлар сепак поразен

Филип Миркуловски постигна шест гола, но тоа сепак не беше доволно за да го спаси Вецлар од пораз на гостувањето кај Магдебург (31-29) во натпреварот од 8.коло во Бундес лигата. По успешната серија на стартот, ова е втор пораз по ред за Вецлар во бундеслигашкото првенство.

Тимот на Миркуловски во поголемиот дел од натпреварот беше во водство. Во првиот дел гостите имаа највисоки +3 кога поведоа со 6-9, а позитивата ја одржуваа се до средината на второто полувреме. Но во финишот Магдебург усепа да направи пресврт. Со три гола во серија поведоа со 29-27 и успеаја да ја задржат предноста до крај.

Миркуловсски го предводеше нападот на Вецлар и беше прв стрелец на својот тим постигнувајќи шест гола од осум шута кон противничкиот гол. Кај Магдебург најзаслужен за победата беше Миахел Дамгард со осум погодоци.

По првите осум натпревар Вецлар е на осмата позиција на табелата со осум бода. Во водство во Бундес лигата е Рајн Некар Левен со 14 бода.

Се вчитува...