Миркуловски најзаслужен за пласманот на Вецлар на Ф4 во Купот на Германија

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски е најзаслужниот за пласманот на Вецлар на Ф4 турнирот во Купот на Германија.

Вецлар славеше против Штутгарт со 25-21, и тоа во драматичен финиш со пресврт токму благодарение на извонредната игра на Миркуловски.

Во последните 15 минути Вецлар влезе со негатива од 17-18, за да на сцена стапи македонскиот ракометар кој во финишот постигна четири од вкупно шестте гола за конечен триумф на својот тим.

Се вчитува...