Миркуловски со Вецлар славеше против Кил

Филип Миркуловски со тимот на Вецлар прослави сензационална победа против Кил на гостински терен (25-26) во натпреварот од 21.коло во Бундес лигата.

Вецлар изненадувачки, имаше контрлла на играта и на резултатот и беше во водство во текот на целиот натпревар. Кил успеа само на двапати да дојде до изедначување и тоа само во првите минути. Потоа гостите имаа фантастична серија со 7-1, поведоа со 3-9 и останаа во позитива до крај. На полувремето Вецлар замина со предност од 9-12.

Сигурната игра на гостинскиот состав продолжи и во вториот дел во кој на неколку пати стигнаа до највисоки пет гола предност, последно на 20-25. Кил во финишот успеа да ја намали негативата, но, бодовите сепак, завршија кај гостинскиот тим.

Во победата на Вецлар Миркуловски постигна два гола од два обиди и имаше една асистенција. Најефикасни кај гостите беа Антон Линдског и Кристијан Бјорнсен со по седум погодоци.

Вецлар моментно е на деветото место на табелата со 20 бода, Кил е пет места погоре со 29, а на водечката позиција во Бундес-лигата е актуелниот шампион Рајн Некар Левен со 34 бода.

Се вчитува...