Миркуловски со Вецлар славеше против Мелсунген

Филип Миркуловски со тимот на Вецлар славеше победа на домашен терен против Мелсунген со 31-28. За Вецлар ова е 12 победа во Бундеслигата со која се зацврстува на средината на табелата.

Тимот на Миркуловски одигра ефикасен натпревар пред својата публика. Уште од стартот домаќините имаа контрола на играта и до крај беа одржуваа сигурна предност. На полувремето, Вецлар имаше водство од 18-12. Мелсунген во вториот дел успеа да ја намали негативата, но не и да го загрози триумфот на Вецлар.

Миркуловски постигна два гола од три обиди и додаде и две асистенции. Најефикасне во домашниот состав беше Максимилијан Холст со осум погодоци колку што имаше и Ласе Микелсен во тимот на Мелсунген.

Се вчитува...