Миркуловски со Вецлар во победничка серија

Филип Миркуловски со екипата на Вецлар славеше победа против Либек со 25-20, во натпреварот од 22.коло во Бундес-лигата. За Вецлар ова е 10.победа сезонава, трета во серија во најсилната германска лига.

Вецлар во текот на целиот натпревар имаше контрола на играта и на резултатот. На полувремето домачините заминаа со предност од 13-7, а оваа позитива успеаја да ја сочуваат во вториот дел и да запишат уште еден триумф.

Холст со седум и Бјорнсен со шест гола беа најефикасни во триумфот на Вецлар. Миркуловски го заврши мечот со еден погодок од три обиди.

Се вчитува...