Миркуловски заминува од Вецлар на крајот од сезонава

Филип Миркуловски на крајот од сезонава ќе го напушти Вецлар, клубот каде што македонскиот репрезентативец ја заврши играчката кариера, а потоа и почна со тренерски ангажман.

Вецлар се решава за промени на клупата во текот на летово, веќе е договорено доаѓањето на Момир Илиќ за нов шеф на стручниот штаб, а Србинот со себе ќе донесе и нов прв асистент, функција што досега ја извршуваше токму Миркуловски.

„Би сакале од срце да му се заблагодариме на Филип за вредната работа и максималната посветеност кон Вецлар. Тој секогаш беше посветен на клубот, на теренот и надвор од него и со тоа придонесе да ги оствариме зацртаните цели во изминатиот период. Му посакуваме се најдобро на професионален и на приватен план“, изјави спортскиот директор на Вецлар, Јасмин Чамџиќ.

Македонецот дојде во Вецлар во 2015 година од редовите на Хановер, остана во овој клуб до крајот на играчката кариера, по што и првите тренерски чекори ги направи токму во овој бундеслигаш..

„Благодарен сум за времето минат овде како играч, како и шансата да се развивам како тренер. Секако, тажен сум што повеќе нема да бидам дел од Вецлар, се уште разгледувам различни опции за иднината, уште немам донесено никаква одлука“, проккоментира Филип Миркуловски.

Се вчитува...