Мирна глава и храбро срце македонско (фотогалерија)

ЕКИПА во Загреб,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонските ракометари славеа голема победа против Словенија на стартот од ЕП во Хрватска. Концентрирано и со мирна глава успеаја да ја анулираат негативата и комплетно да го свртат натпреварот. Прв пат Македонија стартува со победа на големите натпреварувања. И прв пат ја победува Словенија по цели шест години од онаа победа во Белград за историското 5.место на ЕП во Србија. И да се реваншираат за ланскиот пораз на СП во Франција.

Победата ја крена нацијата на нозе, а двата бода на Македонија и ја отвораат вратата за втората фаза на ова ЕП. Тактички мудро и под сигурно водство на Раул Гонзалес, Македонија покажа дека може да се носи со најдобрите и да ја победи третата репрезентација во светот. Првиот чекор е направен, новиот следува за два дена…

Се вчитува...