Миротиќ доби понуда што не се одбива

Никола Миротиќ ги разочара навивачите на Партизан со објавата дека нема да потпише договор со „црно-белите“ со кои веќе си имаше подадено рака, поради заканите што ги добивал во меѓувреме заедно со членови на неговото семејство.

Партизан потоа се јави со соопштение во кое изрази сомнеж дека воопшто постојат закани, наведувајќи други причини за неочекуваниот пресврт, а денеска се чини во јавноста се појавуваат тие „други причини“. Имено, довчерашниот кошаркар на Барселона добил понуда од огромни осум милиони евра за двогодишен договор со Панатинаикос, што било доволно за тој да ги промени плановите за иднината и наместо во Белград, да се пресели во Атина.

„Зелените“ создаваат моќен проект под водство на тренерот Ергин Атаман, веќе ангажираа неколку врвни засилувања, а доаѓањето на Миротиќ би бил уште еден доказ дека ПАО планира атак на европската круна, како и конечен прекин на доминацијата на Олимпијакос на грчката кошаркарска сцена.

Се вчитува...