Миротиќ и Дејвис за триумф на Барса против ЦСКА на стартот од Евролигата

Барселона стартуваше со победа во новата сезона од Евролигата, славејќи со 76-66.

Никола Миротиќ и Брендон Дејвис се најзаслужни за триумфот на каталонскиот тим. Миротиќ мечот го заврши со 17 поени, дополнети и со седум скока, а Дејвис заокружи на 18 поени и четири скока.

Во последниот денешен натпревар од првото коло во Евролигата, Валенсија триумфираше против Лион со 65-63.

Се вчитува...