Миротиќ останува верен на Барселона до 2025 година

Никола Миротиќ ја продолжи соработката со Барселона, потврди каталонскиот гигант. Миротиќ со новиот договор се согласува на верност со каталонскиот клуб до 2025 година.

„Среќен сум и задоволен на клубот на шансата која ми е дадена. Звучи навистина прекрасно овој дрес да го носам до 2025 година. Се надевам дека заедно ќе се радуваме на многу успеси. Овде добив буквално се. Сите знаат дека не е лесно да дојдеш од НБА, но во Барса се е многу полесно. Навивачите ме сакаат и изненаден сум како добро ме прифатија“, изјави Миротиќ. 

Сениорската кариера тој ја почна во Реал Мадрид од каде премина во НБА лигата. Во НБА настапуваше за Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.

Се вчитува...