Миротиќ со поддршка за Новак: Најтешко е пред да дојде слободата…

Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, Никола Миротиќ, денеска јавно му изрази поддршка на Новак Ѓоковиќ, кој божиќните празници ги минува во центарот за мигранти во Мелбурн, чекајќи разврска по жалбата за укинатата виза непосредно по пристигнувањето во Австралија.

Огромно мнозинство од спортската јавност застана зад српскиот тенисер, еден од нив и Миротиќ, кој му порача на Новак „да остане истраен во она што го прави“.

„Во деновите кога небото се спушта на земја и земјата се крева на небото, драг Новак, ти посакувам да бидеш истраен во она што го правиш и во сето она што си како човек. Најмрачно е пред самата зора и најтешко е пред да дојде слободата. Ти посакувам добро здравје, мир во душата и среќа во семејството“, напиша Миротиќ.

Се вчитува...