„Мисијата Малта“ исполнета: Планираните три бода запишани… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Трите бода запишани од стартот на квалификациите за ЕП 2024 на македонската репрезентација се веројатно клучниот момент од триумфот над Малта на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија, како што посакуваше, со победа ги почна квалификациите и без сомнение тоа е најважното пред јунското продолжување на циклусот во исклучително тешката група во која не очекуваат уште моќните Англија, Италија и Украина.

„Мисијата Малта“ во секој случај е исполнета, Македонија ја прекина низата без победа, националниот тим покажа дека повторно на крилјата на единството и тимскиот дух ќе „лета“ и низ овој квалификациски циклус, секако со желба за далеку подобри изданија и низ следните предизвици во кои репрезентативците, без сомнение, ќе имаат и далеку посилен мотив за надигрување…

 

 

Се вчитува...