Мисијата „Мундобаскет 2023“ продолжува денеска од 18 часот во „Палатата на спортовите“ во Киев каде Македонија и гостува на Украина. По поразот од Шпанија на почетокот на квалификациите „црвено-жолтите“ ќе бараат рехабилитација со триумф против „главната команда“, победа која ќе има и големо значење во понатамошниот тек на квалификациите.
Украинците важат за фаворити на денешниот натпревар во кој и самите ја бркаат првата победа по поразот на гостувањето кај Грузија. Натпреварот во Тбилиси ги откри слабостите на „сино-жолтите“, но колку нашата репрезентација е подготвена за противникот поготово по скандалозната изјава на Бајиќ останува да видиме.
Очекувањата во нашиот табор е тежок натпревар, во кој повторно треба да завладее натпреварувачкиот дух и борбата за националните бои.
„Украина има доста добар тим, и сигурно е дека не очекува еден тежок меч. Ова е уште еден предизвик за нашиот млад тим, да покаже дека навистина може да игра против вака силни репрезентации, како на пример, шпанската. Она што се очекува од нас е да се бориме за секоја топка, за секој посед, сите да ја дадеме енергијата на теренот, па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа. Мора да го имаме оној натпреварувачки дух потребен за вакви натпревари во кои се бориме за пласман на Светскиот Куп“, изјави Џејкоб Вајли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА