„Мистер трипл-дабл“: Лука Дончиќ влезе во одбрано друштво (ФОТО)

Маестралниот Лука Дончиќ блескаше и во полуфиналниот натпревар на Летните олимписки игри во кој Словенците замалку не успеаја да стигнат до големо финале во Токио. Словенскиот ас беше речиси незапирлив на паркетот со 16 поени, 10 скока и неверојатни 18 асистенции со што влезе во одбрано друштво.

Имено, Дончиќ е третиот играч во историјта на Олимсписките игри покрај Русинот Александар Белов (1976) и Американецот Леброн Џејмс (2012) кој успеал да стигне до „троен“ учинок на еден натпревар.

Се вчитува...