Мистеријата е решена – Мициќ откри што се случило пред мечот со Италија

Василије Мициќ ги разреши дилемите околу малата минутажа што ја доби на синоќешниот натпревар со Италија, на кој Србија претрпе заслужен пораз и не се пласираше на Олимписките Игри во Токио.

МВП-кошаркарот во Евролигата синоќа одигра само 14 минути, веднаш по мечот изјави дека „ќе се дознае за неговото отсуство на клучниот меч“, по што медиумите шпекулираа за конфликт меѓу него и селекторот Кокошков. Сепак, Мициќ денеска ја објасни ситуацијата обелоденувајќи дека поради повреда не бил во можност да го даде максимумот во репрезентативниот дрес.

„Никогаш не сум барал изговори во животот, така ќе биде и сега. Се што имам да кажам е дека на крајот на загревањето почувствував пукање на мускул во квадрицепсот. Необјасниво е, не знам што се случи. Се обидов да играм, не можев да го дадам максимумот и тоа е тоа. Жал ми е што не се пласиравме на ОИ, но животот оди понатаму“, истакна Василије Мициќ за Спортклуб.

Се вчитува...