Мистериозна смрт на млад англиски фудбалер

Кристијан Мбула, 23-годишниот играч на Моркам,  ја потресе фудбалска Англија по објавата дека неговото мртво тело било пронајдено во вторникот вечер во станот каде што живеел. Од полицијата наведуваат дека не биле пронајдени знаци на насилство или други соминтелни околности, па за причините за смртта ќе треба да се причекаат резултатите од аутопсијата.

Дефанзивецот во Моркам направил трансфер во јануари годинава, а претходно настапувал за Милвол, Мадервел и за уште неколку други екипи од пониските рангови во Англија.

 

 

 

 

Се вчитува...