Митревски и Порто немаа сила за изненадување против Монпелје

Македонскиот ракометен голман Никола Митревски и неговиот Порто немаа сила за изненадување против Монпелје во осминафиналето во Лигата на шампионите. По ремито од првиот меч минатата недела (29-29) португалскиот шампион вечерва загуби на гостувањето во Франција со 35-27.

Домаќините уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу патникот во четвртфиналето кое го добија со убедливи 19-11. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечните 35-27.

Никола Митревски го почна натпреварот, но откако запиша само една интервенција беше заменет. Иго Деска со седум гола беше најпрецизен во таборот на победникот, додека кај поразените Салина заврши со шест гола.

Во четвртфиналето Монпелје ќе игра против полскиот Кјелце. Првата четвртфинална двојка ја сочинуваат Алборг и Веспрем кој во осминафиналниот двомеч беше подобар од македонскиот шампион Вардар.

Се вчитува...