Митревски и Порто поразени во Полска на отварањето на новата сезона во ЛШ

Македонскиот интернационалец Никола Митревски и неговиот Порто новата сезона во Лигата на Шампионите ја започнаа со пораз од 27-23 на гостувањето во Полска против Висла. Домаќините беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот и сосема заслужено стигнаа до првите два бода.

Висла уште на отварањето на натпреварот стигна до предност од пет гола (6-1) и го назначи текот на мечот. Полјаците одиграа одлично прво полувреме по кое имаа предност од четири гола (14-10), а продолжија во ист ритам и во поголемиот дел од второто полувреме. Порто успеа да се закани во самата завршница, но и покрај тоа што стигна до негатива од само еден гол (23-22) немаше сили за целосен камбек.

Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со четири одбрани.

Се вчитува...