Митревски: Кажав и во авион во Фарските Острови, ќе играме на СП

Никола Митревски беше еден од најголемите оптимисти во пресрет на овој бараж за пласман на СП 2023, а македонскиот голман не го криеше задоволството што ќе биде дел од националниот тим на уште едно големо натпреварување.

Тој обелодени и дека вербата за учество на мундијалот не била загубена и по оние „минус седум“ во Торшавн.

„Кажав дека баражот дека сум убеден во пласман на СП, останав убеден и кога загубивме во Фарските Острови. Им кажав на момците во авионот за назад кон Скопје, знам дека ние не можеме да одиграме толку слабо, а противникот дефинитивно не може да повтори таква игра и на наш терен. Тоа се оствари и сите сме пресреќни“, изјави Митревски.

Тој испрати благодарност и до навивачите кои дадоа огромна поддршка од трибините и имаат свој придонес за овој одличен резултат.

„Секогаш кога играме бараж за СП салата е вака исполнета и ни се дава огромна поддршка. Овие дуели ги решаваат детали, а токму нашите навивачи и енергијата што ја добиваме од нив, тоа се оние еден до два гола кои се покажуваат решавачки за да стигнеме со светските шампионати“, од срце им благодарам на сите“, истакна македонскиот капитен.

Се вчитува...