Митревски не успеа да го сопре Гог – Порто се уште не знае за победа, Нант лесно против Кил

ГОГ му го нанесе петтиот пораз на Порто оваа сезона во Лигата на Шампиони. Данскиот тим одигра одличен натпревар во кој уште на средината од првото полувреме стигна до убедлива предноста, а истата не ја испушти до самиот крај за победа од 26-33.

Македонскиот интернационалец Никола Митревски имаше лош ден во кој успеа да одбрани само два обиди од 13 на расположениот противник упатени кон неговиот гол.

На победа се радуваше и Нант кој во Франција го совлада Кил со убедливи 38-30. Добрата игра во завршницата на првото полувреме која донесе серија од 3-0 за 20-15 беше пресудна за денешниот натпревар, а одличниот ритам на домаќинтие продолжи и во вторите 30. минути за четвртата победа во сезоната.

Се вчитува...